Меѓународна научна конференција „WHEN AI BETRAYS LAW AND JUSTICE“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на научноистражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука, ја организира Меѓународната научна конференција 2026 „WHEN AI BETRAYS LAW AND JUSTICE: Human Rights, Constitutionalism and Democratic Accountability in the Algorithmic Age“.
Конференцијата ќе се одржи на 16 септември 2026 година во хотел „Панорамика“ во Скопје, со физичко присуство.
 
Конференцијата е структурирана во два дела. Првиот дел е посветен на меѓународните говорници и експертските панели за AI, човековите права, конституционализмот, регулацијата и демократската отчетност. Вториот дел, „AI in North Macedonia“, ќе биде посветен на презентација и дискусија на новите емпириски наоди за перцепциите на граѓаните, практиките на компаниите и институционалната подготвеност за вештачката интелигенција во Северна Македонија.
 
Учеството на конференцијата е бесплатно, а бројот на места е ограничен.
Краен рок за регистрација: 12 септември 2026 година.
Ги покануваме сите заинтересирани претставници на академската заедница, правната професија, институциите, приватниот сектор, студентите и пошироката јавност да ни се придружат во дискусијата за едно од најзначајните прашања на современото право – како да се обезбеди развојот и примената на вештачката интелигенција да останат во рамките на човековите права, владеењето на правото и демократските вредности.
 
Програмата од настанот можете да ја преземете ТУКА.