На 19 октомври 2026 година, со почеток во 12:15 часот, во библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи интерактивната студентска дебата „Студентите ја креираат агендата“ (Students Set the Agenda), со учество на Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија.
Настанот е организиран од Europe House, во партнерство со Студентарија, а Правниот факултет „Јустинијан Први“ е домаќин на дебатата.
Ова е првиот настан од новата серија посети на универзитетите низ државата од страна на Амбасадорот на ЕУ, чија цел е да поттикне отворен и непосреден дијалог со студентите за прашањата што ја обликуваат нивната иднина.
Под мотото „Студентите ја креираат агендата“, присутните студенти ќе имаат можност самите да ги изберат темите за разговор преку интерактивно гласање на почетокот на настанот. Меѓу предложените теми се европската интеграција, можностите за младите во Северна Македонија, вештачката интелигенција, животната средина, учеството на младите во носењето одлуки и глобалните предизвици.
Во рамки на дебатата ќе се одржи и отворена сесија „Ask the Ambassador Anything“, во која студентите ќе можат директно да му поставуваат прашања на Амбасадорот.
Датум: 19 октомври 2026 година
Време: 12:15 – 13:55 часот
Локација: Библиотека на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ
Ги покануваме студентите од Правниот факултет, како и од останатите факултети при УКИМ, да се пријават и активно да учествуваат во дискусијата.
Пријавување за учество: https://forms.gle/xpRTW3X5gj2bMmQQA