ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека во согласност со имплементацијата на новиот платен систем во Република Северна Македонија и воведувањето на меѓународниот стандард ISO 20022, досегашниот образец ПП50 се повлекува од употреба.
Почнувајќи од овој семестар, сите уплати кон Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се вршат исклучиво преку новиот платен налог (Кредитен трансфер кон буџетските корисници – КТБ / Образец број 7) пропишан од Народната банка (НБРСМ).
За да се олесни процесот, во прилог ви доставуваме готов, претходно пополнет образец во PDF формат за сите соодветни давачки. Начинот на проверка и рачно дополнување на обрасците од страна на студентот е следниот:
- Идентификација: Во полето „Даночен број на плаќачот“ задолжително внесете го вашиот личен Матичен број.
- Приходна шифра: Во полето со 6 квадратчиња, почетните три цифри 723 се фиксни за Факултетот, а во преостанатите 3 празни квадратчиња рачно ја дополнувате специфичната шифра на давачката (011, 012, 013, 014 или 019), во зависност од целта на уплатата.
- Програма: Во двете квадратчиња до приходната шифра стои фиксниот број 41.
| # | Назив | Приходна шифра | Програма |
| 1 | Потврда за уплата на прва рата од партиципација редовни | 723012 | 41 |
| 2 | Потврда за уплата на прва рата од школарина вонредни | 723014 | 41 |
| 3 | Потврда за уплата на рата од школарина ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ зависно од квотата | 723014 | 41 |
| 4 | Потврда за уплатени 1.200,00 денари по предмет за дополнителна поддршка и консултации при презапишување | 723019 | 41 |
| 5 | Признавање ( по дозволен термин ) на положени испити од друг универзитет во странство | 723019 | 41 |
| 6 | Административно запишување празен семестар (евиденција Е-2) | 723013 | 41 |
| 7 | Административно регулирање на семестар по активирање на студии | 723019 | 41 |
| 8 | Барање за продолжување на рок за одбрана на магистерски труд | 723014 | 41 |
| 9 | Електронско запишување и заверување на семестар | 723019 | 41 |
| 10 | Запишување или заверка на семестар по истекување на рокот | 723013 | 41 |
| 11 | Издавање диплома за прв и втор циклус студии по итна постапка | 723011 | 41 |
| 12 | Издавање додаток диплома за прв и втор циклус студии | 723011 | 41 |
| 13 | Издавање дупликат диплома за прв и втор циклус студии | 723011 | 41 |
| 14 | Издавање дупликат додаток диплома за прв и втор циклус нa анг.јазик-кога с. програма е на анг. јазик | 723011 | 41 |
| 15 | Издавање дупликат додаток на диплома | 723011 | 41 |
| 16 | Издавање дупликат индекс | 723019 | 41 |
| 17 | Издавање на диплома за прв и втор циклус студии | 723011 | 41 |
| 18 | Издавање на диплома за прв и втор циклус студии на анг. јазик-кога студ.програма е на анг. јазик | 723011 | 41 |
| 19 | Издавање на потврда за тековен статус на студент | 723011 | 41 |
| 20 | Издавање на потврда по друг основ | 723011 | 41 |
| 21 | Издавање потврди за статус на студент | 723011 | 41 |
| 22 | Издавање потврди по разни основи | 723011 | 41 |
| 23 | Издавање решение по поднесена молба од студент | 723019 | 41 |
| 24 | Издавање уверение за положен странски јазик, ако е положен во рамки на студиската програма | 723019 | 41 |
| 25 | Издавање уверение за положени испити во текот на студиите | 723011 | 41 |
| 26 | Издавање уверение за положени испити на англиски јазик во текот на студиите | 723011 | 41 |
| 27 | Издавање уверение за положени испити по дипломирање | 723011 | 41 |
| 28 | Издавање уверение за положени испити по дипломирање на анг. јазик-програмата е на мак. јазик | 723011 | 41 |
| 29 | Издавање уверение за положени испити по дипломирање на англиски јазик-програмата е на англиски јазик | 723011 | 41 |
| 30 | Испишување од Факултетот | 723019 | 41 |
| 31 | Комисиско полагање на испит | 723013 | 41 |
| 32 | Мирување на студиите | 723019 | 41 |
| 33 | Набавка Ha On-line ресурси за реализација на студиски програми | 723019 | 41 |
| 34 | Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми | 723019 | 41 |
| 35 | Полагање на предмет во дополнителен термин за студентите на втор циклус на студии | 723013 | 41 |
| 36 | Полагање на предмет во дополнителен термин за студентите нa прв циклус на студии | 723013 | 41 |
| 37 | Поништување/Повторување на испит | 723013 | 41 |
| 38 | Премин од друг универзитет или од друга единица на УКИМ | 723019 | 41 |
| 39 | Премин од една на друта студиска програма на Факултетот | 723019 | 41 |
| 40 | Премин од стара на нова студиска програма на Факултетот | 723019 | 41 |
| 41 | Препис на студиските програми на англиски јазик – кога студиската програма е на англиски јазик | 723019 | 41 |
| 42 | Препис на студиските програми на македонски јазик | 723019 | 41 |
| 43 | Признавање (по дозволен премин) на положени испити од дил универзитет во земјата | 723019 | 41 |
| 44 | Признавање (по дозволен премин)јна положени испити од др единица на УКИМ кога не се екви. предмети | 723019 | 41 |
| 45 | Пријавување испит по рокот | 723013 | 41 |
| 46 | Продолжување на прекинати студии | 723019 | 41 |
| 47 | Промена на изборен предмет (во истиот семестар кога е запишан) | 723013 | 41 |
| 48 | Промена на лично име во документ | 723019 | 41 |
| 49 | Промена на статус на студент од редовен во вонреден и обратно | 723019 | 41 |
| 50 | Промена на тема на магистерски труд | 723014 | 41 |
| 51 | Трошоци за одржување и користење на центрите за правна клиничка едукација | 723019 | 41 |