Наука во движење: „Презентација на научните резултати од истражувањата спроведени во рамките на проектите финансирани од Министерството за образование и наука“

Во рамките на серијата настани под слоганот „Наука во движење“ на 24.11.2026 г. на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа „Презентација на научните резултати од истражувањата спроведени во рамките на проектите финансирани од Министерството за образование и наука“:
„Усогласување на македонскиот правен систем со Законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“.
„Континуирано правно образование и квалификација за современа правна професија “.
„Иновативно-научни решенија за сузбивање на социјалната нееднаквост и сивата економија во Република Северна Македонија преку даночната регулатива“.
До ноември 2026 во рамките на проектните активности на трите проекти учествуваа 22 наставници и соработници, остварени се 7 Меѓународни соработки и престои во Лондон, Атина, Белград, Загреб, Осијек, Сарбрикен, Талин, Сингапур и други, остварени се учества и организирани се 10 меѓународни научни конференции, организирани се 8 стручни и научни собири, гостински предавања на меѓународни експерти и работилници, објавени 4 научни трудови а доставени и во тек на рецензија/објава 9 научни трудови во списанија индексирани во Web of Science, отворен е и целосно е опремен центар за правна клиничка едукација, а преку проектите обезбеден е пристап до софтвер, бази на податоци и бази на правни ресурси достапни за вработените на Факултетот. На настанот се презентирани и бројни други научни резултати кои произлегоа од секој проект поединечно.
Остварените резултати претставуваат поттик за нови истражувања, научни иницијативи и иновативни решенија во одговор на современите општествени и правни предизвици.

Продолжуваме да ја движиме науката напред – преку знаење, соработка, иновации и посветеност кон иднината.