КОНКУРС за ангажирање студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за потребите на Стручната служба на Факултетот

Врз основа на Одлуката на Деканатската управа донесена на седницата одржана на 29.06.2018 година, Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје го објавува следниот

 

 

КОНКУРС

за ангажирање студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за потребите на Стручната служба на Факултетот

 

 

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје распишува конкурс за избор на најмногу 20 студенти кои ќе бидат ангажирани за технички активности во Стручната служба на Факултетот во текот на учебната 2018/2019 година и тоа најмногу 10 студенти ангажирани во зимскиот семестар во учебната 2018/19 година и најмногу 10 студенти ангажирани во летниот семестар во учебната 2018/19 година.

Студентите кои ќе бидат ангажирани, а кои се запишани на прв циклус на студии, ќе бидат ослободени од плаќање на цела или дел од школарината за еден семестар во висина од 100 евра во денарска противвредност (во зависност од тоа во кој семестар во учебната 2018/19 година ќе бидат ангажирани), а студентите кои ќе бидат ангажирани, а кои се запишани на втор циклус на студии, ќе бидат ослободени од плаќање на дел од школарината за еден семестар во висина од 100 евра во денарска противвредност (во зависност од тоа во кој семестар во учебната 2018/19 година ќе бидат ангажирани).

 

 

  1. Услови

На овој конкурс може да се пријават:

– редовни студенти запишани на прв или на втор циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2017/2018 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2018/19 година;

– студенти од семејства со пониски вкупни приходи и кои во текот на студиите оствариле просек од најмалку 8,00.

 

 

  1. Потребни документи:

Заинтересираните студенти до архивата на Факултетот треба да достават:

  • Пријава по објавениот конкурс за ангажирање во Стручната служба на Факултетот, на образец кој што е во прилог на Конкурсот;
  • Потврда за редовен студент и уверение за положени испити, кои што се добиваат од Службата за студентски прашања, без надоместок, за потребите на Конкурсот;
  • Уверение од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2017 година, со кое се докажува материјалната состојба на семејството.

Поднесувањето на потребните документи ќе може да се изврши секој работен ден од 12-15 часот, во Архивата на Факултетот, од денот на објавување на Конкурсот, а најдоцна заклучно со 25.09.2018 година.

 

 

 

 

 

 

  1. Избор

Предност при изборот ќе имаат студентите кои кумулативно имаат најниски вкупни приходи во семејството за 2017 година и остварен просек во текот на студиите од најмалку 8,00.

 

 

  1. Обем на ангажираност

Студентите, за извршување на техничките активности за потребите на Стручната служба на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе бидат ангажирани по 4 (четири) часа неделно во семестарот во кој ќе бидат ангажирани во учебната 2018/19 година.

 

 

  1. Дополнителни информации

За дополнителни информации во врска со Конкурсот кандидатите ќе може да се обратат кај Александар Јордев, раководител на Одделение за студентски прашања, правни и општи работи на тел: 02/3117-244 локал 106 или на  e-mail: jordev@yahoo.com

 

На следниов линк можете да ја превземете пријавата. ТУКА

 

 

 

 

 

         Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

         Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје