Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со задоволство Ве известува дека во соработка со Franco-German University, Université Paris Nanterre (France), Universität Münster (Germany) традиционално ја организира четвртата летна школа 4th Itinerant Summer University in the Balkans. Школата ќе се одржи помеѓу 20-23.09.2018 година, во просториите на Правниот факултет. Академски директор на летната школа е проф. д-р Тони Дескоски. Оваа година, школата ќе биде организирана на тема: Предизвиците на земјите од Западен Балкан при процесот на зачленување во Европската Унија.
Се повикуваат сите заинтересирани студенти на прв и втор циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје да се пријават за учество на школата. Заинтересираните студенти, потребно е да испратат кратка биографија на следниов mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk најдоцна до 25.08.2018 година. Работен јазик на летната школа е англиски јазик.