Поканата и програмата за овогодинешното одбележување на Денот на нашиот Факултет

Настаните ја вклучуваат 22-рата Ораторска вечер што ќе се одржи на 6.12.2018 (четврток) со почеток во 19:00 часот.

Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оваа година ја одбележува 25 годишнината од основањето на политичките студии преку меѓународна конференција “Право, правда и политика во современиот демократски контекст”.

Свечената академија и Годишната научна конференција „ПРАВО, ПРАВДА И ПОЛИТИКА ВО СОВРЕМЕНИОТ ДЕМОКРАТСКИ КОНТЕКСТ“  ќе се одржат на 10.12.2018 со почеток во 11:30 часот. Настаните, истовремено, се одбележување на 10ти Декември – Меѓународниот ден на човековите права, а оваа година се навршуваат 70 години од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права.

Се надеваме дека овие настани ќе го предизвикаат вашето внимание.

*** повеќе информации за програмата на следниот ЛИНК.

*** повеќе информации за поканата на следниот ЛИНК.