Се известуваат студентите дека за делот кој што се однесува на облигационо право, во рамките на студиската програма граѓанско право – применета програма, наставата ќе се одвива преку организирана практична настава, односно преку посета на граѓански судења во Основниот суд Скопје 2 Скопје. Од тие причини, во прилог е даден список на студенти, согласно расположливите податоци доставени од Студентската администрација. Доколку некои студенти не се наоѓаат на списокот во прилог, се молат да се пријават кај проф. д-р Ненад Гавриловиќ со испраќање на име и презиме и бр. на индекс на neno.gavrilovic@gmail.com, најдоцна до 13.02.2019 година. По изминувањето на овој термин ќе бидат објавени датумите и составот на групите за посета на судења.
Список за посета на судења симни тука
Н. Гавриловиќ