ГРАЃАНСКО ПРАВО – ПРИМЕНЕТА ПРОГРАМА (ДЕЛ: ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО): ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ГРАЃАНСКИ СУДЕЊА

Во прилог се дадени термините за посета на граѓански судења пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, за студентите кои ја слушаат предметната програма граѓанско право – применета програма (дел: облигационо право), како задолжителна во VIII-миот семестар, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Термините и распоредот по групи се фиксни и не подлежат на промени, од причина што истите се најавени на Судската полиција. Студентите се должни со себе да носат индекс и документ за лична идентификација. Исто така, студентите кои посетуваат судења се должни да се најават во Судот десет минути пред соодветниот термин на рочиштето.
Термините за посета може да ги преземете ТУКА.

Н. Гавриловиќ