Фондацијата за континентално право во Франција, ќе го организира своето 11 издание на Летниот универзитет по континентално право, од 1-ви до 19 јули 2019.
Летниот универзитет е наменет за студенти, како и за професионалци од оваа област. Обуката обрнува внимание на специфичностите на континенталното право, традицијата на француското право, еволуцијата и влијанието на правните модели.
Секоја година, овој летен универзитет привлекува стотина студенти и професионалци од 50-на земји.
Предавањата се одвиваат на француски, англиски и шпански јазик.
На крај, после финалниот испит, учесниците добиваат сертификат за обука по континентално право, издаден од Универзитетот Пантеон – Асас (Париз 2) – Université Panthéon-Assas (Paris II).
Повеќе информации, како и пријавување на следниот линк:
https://www.fondation-droitcontinental.org/fr/universite-dete-summer-school-universidad-de-verano/