Почитувани студенти,
Iknow системот за пријавување на испити ќе биде отворен во период од 27.05.2020 до 03.06.2020 година. Се што е од ваш интерес е табот “ПРИЈАВИ”.
Јунската сесија е поделена на 3 (три) декади.
ВАЖНО: При пријавување, пред да го штиклирате предметот, внесете која ДЕКАДА ќе полагате. Доколку не изберете, системот автоматски ќе ви избере 1 ДЕКАДА.
Во прилог подолу е дадено упатство за пријавување испити и менување на пасвордот за студентите кои имаат проблем со логирање во системот.
ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ
- Студентите се најавуваат преку централниот автентикациски сервис преку адресата:
2.Вашиот Username е вашиот email.
3.Доколку не можете да се логирате во системот, на самиот почеток кликнете на заборавена лозинка и внесете го вашиот еmail.
3.1.Откако ќе кликнете на Submit копчето преку токен ви се праќа порака на маил со линк кој што имате 30 минути да си ја смените лозинката. Лозинката МОРА да содржи Голема буква,бројка и знак. Пример (Тест123#).
4.Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент. Се што е во ваш интерес е табот “ПРИЈАВИ”.
5.Кликенте на табот “Пријави” каде што ќе ги пријавувате предметите што ќе ги полагате.
5.1. Штиклирајте ги предметите што ќе ги полагате и кликнете пријави како на сликите подолу.
Доколку имате некаков проблем околу системот обратете се на: ikt@pf.ukim.edu.mk
Очекувајте брз одговор.
Поздрав,
Правен факултет”Јустинијан Први” во Скопје