СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти,

Начинот на реализација на дејностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19, се уредени со следниве акти што ги објавувавме со цел да се запознаете со нивната содржина:

  • Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ, бр. 76 од 24.3.2020 година),
  • Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 (Универзитетски гласник бр. 489, 25 март 2020 година) и
  • Одлуката за начинот на реализација на дејностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 (донесена на седницата на ННС на 3.4.2020 година).

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во целост ја реализира наставата со примена на средства за електронска комуникација (e-mail, Microsoft Teams, ZOOM и др.). Секој студент доби e-mail со екстензија @students.pf.ukim.mk со цел непречено користење на Microsoft Teams (упатсвото за активирање на мејл адресите и користењето на Microsoft Teams се веќе објавени на веб на Факултетот).

За начинот на реализација на јунската испитна сесија која согласно Глобалниот календар на активности на УКИМ и на Факултетот започнува на 1 јуни 2020 година, студентите ќе бидат дополнително навреме известени преку официјалната веб страница на Факултетот. Испитната сесија ќе се спроведе на начин што ќе обезбеди студентите редовно да можат да ги остваруваат своите права во овие околности, истовремено почитувајќи ги принципите на висок квалитет во образованието

Одбраната на магистерските и докторските трудови може да се врши во целост со примена на видеоконференциска платформа, за што секој студент поединечно ќе биде навреме известен.

Седниците на органите и на внатрешните организациони единици на Факултетот (наставно-научен совет, деканатска управа, колегиуми на постдипломски студии, институти) редовно се одржуваат преку средства за електронска комуникација.

Службата за студенстки прашања работи секој ден за издавање на итни документи што им се потребни на студентите. Исто така, вработените во Службата за студентски прашања ви се достапни во секое време на нивните мејл адреси објавени на веб на Факултетот.

Деканатот ви стои на располагање за сите прашања на мејл адресите објавени на веб на Факултетот. Може да не контактирате и преку Microsoft Teams.

Следете ги официјалните соопштенија што редовно ги објавуваме на веб на Факултетот.

Останете во добро здравје.

Со почит,

Правен факултет „Јустинијан Први” во Скопје