Почитувани,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2020/2021 година.
Согласно овој конкурс на студиската програма – правни науки слободни се 57 места на кои кандидатите можат да конкурираат.
Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни услови и критериуми:
- завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит- трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС- кредити );
- завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
- просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на прв циклус студии и најмалку 8,00 (осум) на втор циклус студии, односно најмалу 8,00 (осум) за интегрирани студии;
- познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, или со соодветен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори.
Листата на слободни ментори може да ја најдете на следниот линк: Листа на слободни ментори правни науки
Рок за пријавување и запишување:
Прв уписен рок
Пријавување на кандидатите: 14.09. – 15.10.2020 година
Објавување прелиминарни листи: 22.10.2020 година
Одлучување по приговори: 30.10.2020 година
Објавување конечни листи: 06.11.2020 година
Запишување на кандидатите: 09.11. – 13.11.2020 година
Втор уписен рок:
Пријавување на кандидатите: 14.12. – 21.12.2020 година
Објавување прелиминарни листи: 25.12.2020 година
Одлучување по приговори: 11.01.2021 година
Објавување конечни листи: 18.01.2021 година
Запишување на кандидатите: 25.01. – 29.01.2021 година
Пријавување на кандидатите:
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на трите електронски адреси:
– Двете електронски адреси на Школата за докторски студии се: odd.nauka@ukim.edu.mk; skola_za_ds@ukim.edu.mk
– Третата од електронските адреси е на факултетите каде припаѓа студиската програма е: i.rumenov@pf.ukim.edu.mk
Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите ja наведуваат студиската програма за која поднесуваат документи.
Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
- кратка биографија;
- докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа:
– уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
– уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
– диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
– диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
– сертификат/ уверение за познавање на светски јазик
– кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и
постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат
нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување
на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот
на оценување е различен од Р.С.Македонија.
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена (пријавувањето е во периодот од 14.09.2020 – 28.09.2020).
Документи за запишување
При запишувањето, (од 26.10.2020 – 30.10.2020), кандидатите ги поднесуваат во оригинал сите документи кои ги доставиле преку електронска пошта во скенирана форма и дополнително следните:
- индекс и пријавни листови;
- две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
- потврда за уплатена прва рата од школарината.
Школарината изнесува 5650 евра и се плаќа на 6 рати, на почетокот на секој семестар, во денарска противвредност. При плаќањето на првата рата, 250 евра во денарска противвредност примените кандидати плаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава:
– сметка: 160 010 3689 788 18;
– приходна шифра и програма: 723012 41;
– банка на примач: Народна банка на Република Македонија
Остатокот од првата рата се плаќа на сметка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје:
– 1000 евра се уплаќаат на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, на следнава сметка: 100000000063095;
– сметка на буџетски корисник – единка корисник 1600103700 788 11;
– приходна шифра и програма 723012 41;
– цел на дознака: Уплата на прва рата за трет циклус на студии
Контакт информации:
– адреса: Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје
– лица за контакт:
– Раководител:
проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска
е-маил: j.dabovicanastasovska@pf.ukim.edu.mk
– Секретар:
доц. д-р Илија Руменов
е-маил: i.rumenov@pf.ukim.edu.mk
Совет на студиската програма – правни науки
Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје