СООПТШЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС

Почитувани,

Ве информираме дека на веб страната на УКИМ денес, на 11.09.2020 год. се поставени две електронски адреси на кои треба да се доставуваат документите за пријавување од страна на кандидатите за запишување на трет циклус докторски студии, скенирани во pdf форма (согласно објавениот Конкурс за трет циклус студии).

Следните електронски адреси:

odd.nauka@ukim.edu.mk

skola_za_ds@ukim.edu.mk

се наоѓаат на следниот линк:

https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8

Пријавите од секој кандидат ќе бидат испечатени и заверени со архивски број во Ректоратот на УКИМ, а потоа сите документи ќе бидат препратени до соодветната студиска програма (раководителот и администрацијата на таа студиска програма), по електронски пат.