ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК И ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2023-2024 ГОДИНА

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

09.05.2024 до 15.05.2024 година,

Начин и постапка на пријавување во летен испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  • Студентите пријавуваат во iKnow системот од 09.05.2024(четврток) до 15.05.2024(среда), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања од 09.05.2024(четврток) до 15.05.2024(среда), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ПРИЈАВУВААТ САМО ЕЛЕКТРОНСКИ, ПРИЈАВАТА ФИЗИЧКИ ЈА ДОСТАВУВААТ НА ИСПИТ.

Распоредот можете да го преземете на  следниот ЛИНК.

 

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на следниот датум:

28.06.2024 (петок)

Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во летен испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 28.06.2024(петок), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во летен испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии .

Распоредот можете да го преземете на  следниот ЛИНК.