- ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК
Пријавување испити за прв циклус на студии и втор циклус на студии во зимскиот испитен рок ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот и со доставување на пријави за испит во службата за студенстски прашања во период од
12.12.2022 до 16.12.2022 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
Начин и постапка на пријавување за полагање во зимски испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот од 12.12.2022(понеделник) до 16.12.2022(петок), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за испит за полагање во службата за студентски прашања од 12.12.2022(понеделник) до 16.12.2022(петок), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
Распоредот можете да го преземете на следниов ЛИНК.
2. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК
Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во зимскиот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на
06.02.2023 (понеделник)
Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во зимски испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот на ден 06.02.2023(понеделник), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 06.02.2023(понеделник), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата согласно Одлуката на ННС за надомест за полагање предмети во дополнителниот термин за полагање во зимскиот испитен рок.
Распоредот можете да го преземете на следниов ЛИНК.