Пријавување испити на втор циклус студии во мартовскиот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на
21.03.2023 и 22.03.2023
Начин и постапка на пријавување во мартовскиот испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот на 21.03.2023 и 22.03.2023 следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 21.03.2023 и 22.03.2023, така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
Распоредот можете да го преземете во петок(18.03.2023) на следниот ЛИНК.
НАПОМЕНА: Оваа сесија е само за студентите запишани во вториот уписен рок на втор циклус на студии во учебната 2022/23 година