ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР И ПРЕДМЕТИ ВО СИСТЕМОТ IKNOW ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Запишувањето на семестар и предмети за студентите на прв и втор циклус студии за зимскиот семестар во учебната 2023/24 година, освен во службата за студентски прашања, ќе се врши и електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од

25.09.2023 до 10.10.2023 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и запишување семестар и предмети во iKnow системот.

Редослед на запишување:
1. Електронско запишување на семестар и предмети во iknow системот.
2. По електронското запишување семестар и предмети, студентите физички запишуваат семестар и предмeти во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Студентите бруцоши, не запишуваат електронски семестар и предмети во iKnow системот.