Настанот ќе се одржи на 27 јануари во библиотеката на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 11 часот.
На настанот ќе биде промовирано истражувањето “Brothers in Harm? The links between the Far Right in the Western Balkans and the European Union”, изработено во соработка помеѓу Евротинк – центарот за европски стратегии од Скопје и Центарот за анализи, мониторинг и истражувања (CAMR) од Република Словачка.
Истражувањето дава краток, но систематизиран преглед на начините на кои крајнодесничките групи од Западен Балкан се вмрежуваат со сродни организации и политички актери од Европската Унија, со посебен фокус на:
политички, идеолошки и културни врски со партии и движења од Источна и Западна Европа;
примери на соработка преку ултра-групи, „патриотски“ движења и транснационални онлајн мрежи;
руското и украинското влијание како дополнителни фактори кои го обликуваат европскиот крајнодеснички екосистем;
импликации за демократијата, владеењето на правото и безбедносната архитектура на регионот.
Овие теми се од исклучителна важност не само за студентите и наставниот кадар на факултетот, туку и за медиумите, невладините организации и граѓанските активисти, истражувачите итн., кои ги третираат и се директно засегнати од потенцијалите на ваквите општествени феномени.
Настанот ќе се одржи на англиски јазик, со цел да биде достапен и за меѓународни партнери и гости.
Во прилог, ви ја праќаме и Агендата на англиски јазик.
После официјалниот дел на настанот следува мал коктел.
Ве замолуваме за потврда на вашето учество на следниот мејл Mariglen.demiri@eurothink.mk или на телефонскиот број 070/339-446.