Почитувани студенти,
Завршниот (писмен) испит по предметот Финансово право во пред-сесија ќе се спроведе на 28.12.2017 година (четврток) во 11:30 часот.
Студентите кои ќе полагаат во овој термин испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го пријават со поднесување на пријавен лист до Службите на Студентски прашања заклучно со 22.12.2017 (петок). Право да полагаат во пред-сесија ќе имаат студентите кои го положиле влезниот колоквиум и кои ќе го пријават испитот.
На 25.12.2017 ќе биде објавен списокот на студенти кои ќе имаат право да полагаат и распоредот по амфитеатри.
Поправниот колоквиум и завршниот испит во сесија ќе се спроведат во текот на јануари 2018, а термините и другите детали ќе бидат навремено објавени.
Катедра по Финансово право