Со задоволство ве известуваме дека на 31 август 2023 година се финализираше успешната имплементација на тригодишниот Еразмус+ проект „Модернизирање на европското правно образование (Modernising European Legal Education, MELE)“, во кој како партнерска институција учествуваше Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Покрај нашиот факултет, во проектниот конзорциум како партнери учествуваа: Универзитетот во Саарланд, Универзитетот во Белград, Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Кадиз, Универзитетот во Гронинген, Регентс Универзитетот во Лондон, Миколас Ромерис Универзитетот во Вилнус и Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS). Четирите интелектуални аутпути од MELE проектот имаа за цел подобрување на трансверзалните вештини на студентите и академскиот кадар, фокусирајќи се на унапредување и иновирање на наставните методи од областа на правното образование.
Материјалите продуцирани во рамки на четирите интелектуални аутпути, достапни за преземање од веб страната на MELE проектот, нудат корисни академски алатки кои би можеле да се применат во наставата и истражувачкиот процес во областа на правните студии, како и другите сродни области.
🚩 1) Анкета и сумирани резултати од анкетата за трансверзални вештини на наставниот кадар: https://mele-erasmus.eu/survey-2/
🚩 2) Електронски курс за академски вештини (видеа со упатства и инструкции): https://mele-erasmus.eu/Kurs/the-mele-academic-skills-ecourse/
🚩 3) Сет на методолошки алатки (водичи и прирачници за правнa клиникa, moot court, студии на случај и симулациски вежби): https://mele-erasmus.eu/gallery/
🚩 4) Публикација (збирка на трудови) насловена “Modernising European Legal Education – Innovative Strategies to Address Urgent Cross-Cutting Challenges“, во издание на Springer: https://mele-erasmus.eu/teachers/