И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои сестекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година

Почитувани студенти, 

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 282. седница одржана на 20.6.2023 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година 

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година. 

Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје доставуваат: 

Пријава за учество на Интерниот оглас

-Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата; 

ОДЛУКА за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус на студии за студентите чие родителско право го врши еден родител

Заинтересираните студенти Пријавата и целокупната документација ја поднесуваат во Архивата на Факултетот најдоцна до 6.10.2023 година до 15:30 часот

Некомплетните и ненаврмени пријави нема да бидат разгледувани.