IN MEMORIAM

Со длабока тага Ве известуваме дека на 26.06.2025 година почина проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше. Зад себе остави бројни генерации професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.
Ќе остане запаметена како доајен од областите на римско право, реторика и интелектуална сопственост.
Посмртните останки на проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 9-10 часот на 28.06.2025 година (сабота).