ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНАТА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

ПРАВО  НА АПЛИКАЦИЈА ИМААТ:
Студентите  кои запишале зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2025/2026 година, за кои родителското право го извршува само еден родител и вкупниот приход по член на семејството не е поголем од минималната плата во Република Северна Македонија (во натамошниот текст – апликант), односно имаат:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година, треба своите пријави и скениранана целукупна документација  да ги испратат на следвата маил адреса:
Апликантите, најдоцна до 14.10.2025 година до Претседателот на Комисијата на факултетот, на објавената електронска адреса треба да достават пријава во која ќе наведат:
  • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
  • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Со пријавата апликантите, во pdf – формат, на praven@pf.ukim.edu.mk
 ги доставуваат и следниве документи:
  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата;
  • своерачно напишана и потпишана изјава за број на членови на семејството (доколку апликантот има брат или сестра да достави доказ;
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
Ранг – листите се објавуваат  на интернет страницата на факултетот најдоцна до 20.10.2025 година.
Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 28.10.2025 година. Комисијата на факултетот ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Дококу се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг-листата.  
  Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг-листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината за факултетот.
Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 8.11.2025 година.
 
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје