Согласно известувањето на Школата за докторски студии, годишните конференции во летниот семестар на акдемската 2024/2025 година, предвидено е да се одвиваат на 02.06.2025 и 03.06.2025 година.
Студентите на трет циклус на студии потребно е своите пријави за годишната конференција во летниот семестар да ги достават во период од 03.03.2025 – 14.03.2025 година во службата за студентски прашања од 11-14 часот кај одговорното лице за водење на трет циклус на студии м-р Мирјана Стојановска.
Право да се пријават на годишната коференција имаат само оние студенти коишто ги исполнуваат условите согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии-докторски студии на Универрзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и тоа:
- Пријавување за прва годишна конференција (втор семестар) :
-Ативен упис на летен семестар во учебната 24/25
-Подготовка на краток труд кој содржи преглед на актуелната литература поврзана со истражување на специфична област, како можност за изработка на докторски труд
-Пријава за годишна конференција (Образец 011-ГК https://ukim.edu.mk/doktorska-shkola/studii/dokumenti/)
- Пријавување за втора годишна конференција (четврти семестар) :
– Ативен упис на летен семестар во учебната 24/25
– Реализирана активност „Прв докторски семинар“
– Подготовка на презентација за рецензираниот труд од првиот докторски семинар и јавно презентирање на трудот
-Пријава за годишна конференција (Образец 011-ГК https://ukim.edu.mk/doktorska-shkola/studii/dokumenti/)
- Пријавување за трета годишна конференција (шести семестар) :
– Ативен упис на летен семестар во учебната 24/25
– Реализирана активност „Втор докторски семинар“
– Подготовка на презентација за рецензираниот труд од вториот докторски семинар и јавно презентирање на трудот
-Пријава за годишна конференција (Образец 011-ГК https://ukim.edu.mk/doktorska-shkola/studii/dokumenti/)
Присуството на докторандите и менторите во текот на сите презентации на годишната конференција е задолжително, само на тој начин се смета дека студентот/докторанд ја реализирал и успешно завршил годишната конференција.