Правниот факултет “Јустинијан Први”- Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и Клубот на Оратори (FORUM ORATORES), објавува Јавен повик за учество на XXVIII Ораторска вечер “Иво Пухан”.
Сите заинтересирани за учеството на XXVIII Ораторска вечер ,,Иво Пухан” се поканети да се пријават по електронски пат на следнава мејл адреса: klubnaoratori@gmail.com
Пријавувањето за Јавниот повик трае најдоцна дo вторник, 25.02.2025 година.
Пријавата треба да содржи:
- Име и презиме на кандидатот/ката
- Студиски циклус
- Студиска година и
- Студиска насока како и единицата при УКИМ на која студирате.
️ Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси студии на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје
Ве очекуваме!
Организационен одбор на Ораторската вечер “Иво Пухан”.