Јавен повик за учество на студенти на „Школата за Европска интеграција” на Либералниот институт Скопје

Препознавајќи ја потребата младите луѓе да се запознаат со придобивките од членството во ЕУ, како и да ги прошират своите знаења од практичен аспект, ни претставува особено задоволство да ја организираме „Школата за Европска интеграција“.
Школата ќе се одржи во два модула:
    -Модул 1: Основи на Европската Унија и регионална соработка, кој ќе се одржи во Скопје од 28-ми до 30-ти март 2025 година и
    -Модул 2: Практична работилница за аплицирање за ЕУ грантови и пишување проектни предлози, кој ќе се одржи во Охрид од 16-ти до 18-ти мај 2025 година.
Целта на школата е едукација на студентите за процесот на европска интеграција, обезбедување практични вештини за пишување проектни предлози и аплицирање за ЕУ грантови, како и поттикнување на нивно вклучување во младински активности.
Пријавувањето е отворено за сите млади лица од 18 до 35 години кои сакаат да стекнат нови знаења и вештини во оваа област.
Учеството се врши со пополнување пријава достапна на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1uZjkszzT7_abKWeiq2GyPfMBYdKYy4R2SgbgO3EuzzM/viewform?edit_requested=true најдоцна до 10-ти март 2025 година.
Пријавете се сега и бидете дел од процесот на европска интеграција и младинскиот активизам!
Скопје, 28.02.2025
Со почит,