Почитувани,
Со оглед на фактот дека против Одлуката за констатирање на кандидати за претседател на Факултетското студентско собрание од 29.04.2024 година не беа поднесени приговори, таа е конечна.
Одлуката може да ја погледнете ТУКА.
На изборите за претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ кои ќе се одржат на 15.05.2024 година, кандидат е студентот Данило Крстовски со број на индекс 639м, запишан на втор циклус студии.
Од Изборната комисија