Oбразованието против говорот на омраза и делата од омраза

Во рамки на иницијативата „Образованието против говорот на омраза и делата од омраза“ Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје се одржаа две обуки посветени на говорот на омразата и делата од омраза.
На обуките учество земаа студенти од прв и втор циклус на студии на Правен факултет „Јустинијан Први“ каде имаа можност да проследат предавање од страна на проф. д-р Елена Михајлова Стратилати.
Во рамки на обуката беа опфатени и работа на случаи каде преку тимска работа се идентификуваa говорот на омраза и делата од омраза, воедно применувајќи го резонирањето на Европскиот суд за човекови права кој има развиена судска практика во оваа област. Учесниците добија и практични информации поврзани со справувањето на говор на омраза и делата од омраза во националниот контекст, а беше ставен и акцент на улогата на образованието и градењето на контра-наративи. Дополнително обуките опфатија и завршна дискусија за местото на високото образование во борбата против говорот на омраза и делата од омраза и отворија можност за иницирање на идна активност во оваа област.