На 31 август 2023 година се заокружува тригодишниот Еразмус+ проект „Модернизирање на европското правно образование (Modernising European Legal Education, MELE)“, во кој како партнерска институција учествуваше Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Покрај нашиот факултет, во проектниот конзорциум како партнери учествуваа: Универзитетот во Саарланд, Универзитетот во Белград, Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Кадиз, Универзитетот во Гронинген, Регентс Универзитетот во Лондон, Миколас Ромерис Универзитетот во Вилнус и Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS). Четирите интелектуални аутпути од MELE проектот и различните работни пакети во рамки на овие аутпути имаа за цел подобрување на трансверзалните вештини на студентите и академскиот кадар, фокусирајќи се на унапредување и иновирање на наставните методи од областа на правното образование.
Минатата недела, во издание на Springer, беше објавена Публикација (Збирка на трудови) од MELE проектот, насловена „Modernising European Legal Education – Innovative Strategies to Address Urgent Cross-Cutting Challenges“. Публикацијата нуди преглед на низа корисни иновативни стратегии за адресирање на разни мулти- и интер-дисциплинарни теми и поттикнување на развојот на трансверзалните вештини кај студентите и академскиот кадар. Open-access изданието е приложено кон ова известување и е достапно за симнување на следниов линк: https://link.springer.com/book/10.1007/978-3-031-40801-4