Оценување и полагање на втор циклус студии
Оценување
Оценувањето на студентите на правните студии, политичките, студиите по новинарство и студиите по односи со јавноста од втор циклус се врши врз основа на успехот од:
- полагање писмени задачи кои се состојат од писмени прашања и задачи на конкретен случај до 70 поени /во сооднос 40 или 30 поени во корист за писмените прашања или задачата на конкретен случај/;
- научноистражувачка работа/практична работа до 20 поени;
- континуирана активност на студентот на часовите до 10 поени.
За испитот да се смета на положен, студентот треба да освои:
- најмалку 40 поени од предвидените поени за писмените задачи и задачите на конкретен случај; и
- најмалку 11 поени од предвидените поени за научноистражувачка работа/практична работа.
Завршното оценување на предметна програма од вториот циклус на студии се смета за успешно доколку студентот освои најмалку 51 поен, при што повисокиот број на освоени поени кореспондира на некоја од следните оцени:
СКАЛА НА ПОЕНИ | ОЦЕНКА |
---|---|
51 - 60 | 6 /шест/ |
61 – 70 | 7 /седум/ |
71 – 80 | 8 /осум/ |
81 – 90 | 9 /девет/ |
91 – 100 | 10 /десет/ |
Студентот кој запишал предмети во зимскиот семестар, односно VII семестар, полага испити од VII семестар за исполнување услов, односно стекнување на минимум 16, 14, односно 12 кредити за VIII семестар во февруарската испитна сесија во тековната учебна година.
Студентот кој запишал предмети во летниот семестар, односно VIII семестар, полага испити од VIII семестар за исполнување услов, односно стекнување на минимум 14, односно 12 кредити за IX семестар во јунската испитна сесија во тековната учебна година.Студентот кој запишал предмети на политички студии, односи со јавност и студии по новинарство, во зимскиот семестар односно IX семестар, полага испити од IX семестар за исполнување услов, односно стекнување на минимум 14 кредити за X семестар во февруарската испитна сесија во тековната учебна година.
Поправни сесии за полагање на испити*
За исполнувањето на условот, односно стекнување на минимум 16, 14, односно 12 кредити за упис на VIII семестар, на студентите може да им се одобрат две дополнителни сесии кои ќе се организираат во средина на месец април и средина на месец мај во тековната учебна година.
За исполнувањето на условот, односно стекнување на минимум 14, односно 12 кредити за упис на IX семестар, на студентите може да им се одобрат две дополнителни сесии кои ќе се организираат во средина на месец октомври и средина на месец ноември во тековната учебна година.
За исполнувањето на условот, односно стекнување на минимум 14 кредити за упис на X семестар на политички студии, односи со јавност и студии по новинарство, на студентите може да им се одобрат две дополнителни сесии кои ќе се организираат во средина на месец април и средина на месец мај во тековната учебна година.
* Забелешка:
Поправни сесии за полагање на испити на втор циклус на студии може да се организираат само со донесување на дополнителна одлука од Наставно-научниот совет за конкретната учебна година, а на барање на Студентскиот парламент на Факултетот.
Презапишување на предметна програма
Студентите имаат можност да полагаат предметна програма најмногу 3 (три) пати, во 3 (три) последователни редовни испитни сесии во тековната учебна година (почнувајќи од испитната сесија кога за првпат се стекнуваат со правото да ја полагаат предметната програма), пред да ја презапишат истата предметна програма.
Студентот кој не исполнил услов за запишување на следниот семестар и по третото полагање на предметна програма во рамки на 3 (три) последователни редовни испитни сесии од претходниот семестар ја презапишува предметната програма.