Почитувани колешки и колеги,
Заради службено патување на проф. д-р Тони Дескоски и проф. д-р Вангел Доковски, предавањето за прва група закажано за 15.04.2025 година (вторник) се одложува за 25.04.2025 година (петок).
Следните термини за настава за прва група се:
22.04.2025 година (вторник) – предавањето ќе ја опфати материјата од 8та недела настава
25.04.2025 година (петок) – предавањето ќе ја опфати материјата од 9та недела настава.
Терминот за предавање за втора група останува непроменет.