Одржан првиот настан од циклусот „Кафе со блогот Зелена иницијатива“

На 15.05. (четврток) на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во соработка со Македонското еколошко друштво беше одржан првиот настан од циклусот „Кафе со блогот Зелена иницијатива“.  Блогот „Зелена иницијатива“ го уредуваат студенти од нашиот факултет, под водство на проф. Илина Ценевска од Катедрата по Право на Европска Унија, и е посветен на анализа и документирање на најновите текови во еколошкото право кај нас, во Европа и во светот.
 
Во рамки на настанот, д-р Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД) одржа инспиративно предавање за разновидните програмски активности и ангажмани кои МЕД ги презема за зачувување на балканскиот рис како критично загрозен животински вид, воедно запознавајќи не’ со меѓународната и европската правна рамка за негова заштита и предизвиците во однос на нејзиното спроведување.
 
Им благодариме на студентите кои присуствуваа и се гледаме наскоро на следното издание на „Кафе со блогот Зелена иницијатива“!