Онлајн настан за дигитални права | 17 декември, 18:00 часот

Почитувани студенти при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје,

Балканската истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН) на 17 декември (среда), со почеток во 18:00 часот, организира онлајн настан за млади на тема дигитални права на интернет, кој ќе се одржи преку Zoom платформата.

Имајќи ја предвид улогата на правниците во заштитата на човековите права и слободи, сметаме дека темите на овој настан се особено релевантни за студентите по право, кои во иднина ќе се занимаваат со прашања поврзани со заштита на лични податоци, слобода на изразување, говор на омраза и дигитална одговорност.

На настанот ќе се дискутира за: доксинг и повреди на приватноста, алгоритамско попречување на содржини и слобода на изразување, злоупотреба на лични податоци, говор на омраза и онлајн притисоци и правни и институционални механизми за заштита на дигиталните права.

Особено ни е важно да го слушнеме правниот и критичкиот поглед на вас како студенти, како и вашите искуства и размислувања за постојната регулатива и предизвиците во нејзината примена во дигиталниот простор.

Вашето учество може да го најавите на следниов линк, по што ќе добиете линк за приклучување на настанот:
https://forms.gle/dVsuA3pCcx98HR687

Со почит,