Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, составен од студентките Марија Чекреџи, Марија Крстева, Теа Мицевска и Луција Чукеловска, а подготвуван од проф. Д-р Сашо Георгиевски, М-р Атанас Аврамов и М-р Миа Георгиевска, во периодот од 02-05 март 2022 година, учествуваше на пред-финалните пријателски натпревари Philip C. Jessup European – Friendlies и освои 5-то место од вкупно 12 натпреварувачки тимови. Тимот победи против тимовите на Charles University, University of Copenhagen и Riga Graduate School of Law, а загуби против тимот на ELTE – Будимпешта. Студентката Теа Мицевска освои 7-мо место од Топ 10 најдобри говорници. Тимот и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје сака да им се заблагодари на своите спонзори Виталиа ДОО Скопје и Адвокат М-р Никола Лазаров од Скопје.