Почеток на проектот Youth European Dialogue Bulgaria – France – Germany – North Macedonia: A Touring European Summer School

Започна проектот Youth European Dialogue Bulgaria – France – Germany – North Macedonia: A Touring European Summer School во кој покрај Правниот факултет „Јустинијан Први“ партнери се и факултети за политички науки и славистика од  Универзитетот Sciences Po – кампусот во Дижон, Хумболт универзитетот во Берлин и Новиот бугарски универзитет во Софија. Проектот е финансиски подржан од Franco-German Youth Office (OFAJ). Проектот има за цел да развие конструктивен и отворен дијалог околу клучните европски прашања помеѓу студенти од четирите држави. Проектот предвидува организирање на четири летни школи кои на едно место групираат млади луѓе кои дебатираат и разменуваат идеи околу предизвиците на процесот на европска интеграција, политиките на помирување и прекугранична соработка и дијалог. 
 
Првата летна школа се веќе се одржа во Дижон, Франција во периодот од 15 до 18 мај 2024. Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше претставен од професорот Иван Дамјановски и студентите по политички науки Маја Андреска, Тамара Гарческа, Иларија Димулкова, Димитар Џамбазов, Дориса Земон и Анастасија Саша Тофоска. 
 
Нашите студенти активно партиципираа во предавања, дускусии и работилници поврзани со перспективите на проширувањето на Европската Унија, преговорите во меѓународните односи како и политиките на помирување и разрешување на конфликти. Покрај академскиот ангажман, за време на престојот во Дижон нашите студенти беа ангажирани и во неколку социјални активности, т.е. презентации во средни училишта, учество во радио емисија,  анкетирање на граѓани и прием во градското собрание на Дижон. 
 
Следната летна школа ќе се одржи во Берлин на крајот на јуни.