Покана за конференција „Чувари на мудроста“

Почитувани студенти,

Ви споделуваме покана за учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која е наменета за студенти и млади професионалци. 

Конференција која ќе ви помогне во вашиот кариерен развој но и ќе ви одгвори на низа прашања со кои се соочувате секојдневно. Ќе слушнете приказни од најуспешните во повеќе професии, а ќе имате можност да поразговарате за прашања и теми кои вам ви се значајни.

Покрај советите и инспирацијата од оние кои го изоделе патот ќе имате можност за: 

  • Вмрежување
  • Интересни награди за студенти 
  • Сертификати за учество 

Успешни професори, бизнисмени, академици, писатели, уметници, ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во државата. Ќе сe дискутира на интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој на младите.

Целта на конференцијата е да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите по патот на градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои делуваат.

Мудроста, искуството и успехот кои ги дефинира панелистите ќе отвори низа прашања и одговори важни за сечиј развој.

  • Влезот за сите студенти и заинтересирани е бесплатен, само потребно е да се регистрирате:  

Датум: 28 мај 2025 ( среда ) 

Времетраење: 10:00 – 16:00 часот

Локација: Економски факултет, УКИМ

 

Нивната мудрост е наша инспирација!