Почитувани колешки и колеги,
Ве повикуваме на вториот студентски состанок на студентите на Правниот факултет “Јустинијан Први” кој ќе се одржи оваа среда (23.4.2025) со почеток од 17:00 ч. во Читалната на факултетот.
Како што беше спомнато на претходниот состанок, ФСС сака овој состанок да прерасне во традиција на студентите на нашиот факултет. Идејата е заеднички да се слушнеме и продискутираме за сите можности и предизвици поврзани со факултетот, високото образование и студентското собрание.
Би ни значело Вашето присуство. Ве охрабруваме да земете активно учество во заедничкиот состанок.
Колегијален поздрав,
ФСС – ПФ.
