На 17.2.2025 г., н.е. Кристоф Ле Риголер го посети Правниот факултет „Јустинијан Први“. На средбата со деканот на Факултетот проф. д-р Сашо Георгиевски разменија позитивни искуства за досегашната соработка со универзитетите од Франција и поддршката од Француската амбасада и беа разгледани можностите за унапредување на соработката. Особено се разговараше за можностите за мобилност на студентите и кадарот.