ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван професор и колега
ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР МИТКОВ
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1931-2024
Со смртта на проф.д-р Владимир Митков, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Посмртните останки на проф.д-р Владимир Митков ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 27.07.2024 година (сабота) од 10 – 11 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје