ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ОД ОБЛАСТА НА ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА
Frankfurt Investment Arbitration Moot Court
Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги повикува сите заинтересирани студенти на трета година правни студии и на втор циклус студии да се пријават за учество на меѓународниот натпревар од областа на инвестициската арбитража – Frankfurt Investment Arbitration Moot Court. Тимот на студенти ќе го претставува Правниот факултет на 12-от натпревар кој ќе се одржи помеѓу 4-8 март 2019 година во Франкфурт, Германија.
Пријавувањето на студенти е до 15.10.2018 година, со испраќање на CV на следниов e-mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk
Искористете ја можноста да стекнете знаење од делот на инвестициската арбитража и да добиете стипендија за летната школа на Хашката академија за меѓународно право
Повеќе за натпреварот можете да видите на следниот линк: https://www.investmentmoot.org/