
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ВЕБИНАР
Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Ве поканува на вебинар на тема:
Намалување и спречување на грешки кај системите со вештачка интелигенција
(AI Failures Mitigation)
технички и правни аспекти
Настанот се реализира во рамки на проектот „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.
Датум: 24.03.2026
Време: 11:00 – 13:00 часот
Регистрација: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ВЕБИНАР – Prefilled form
УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО.
Пријавувањето е задолжително и трае до 20.03.2026 (петок).
Предавачи:
- проф. д-р Димитар Трајанов, ФИНКИ
- адвокат Јован Најденовски, Адвокатска канцеларија Најденовски
Вебинарот е посветен на едно од најактуелните прашања во примената на вештачката интелигенција: како се спречуваат, намалуваат и правно адресираат грешките на ВИ системите.
Настанот ќе понуди две комплементарни перспективи. Од технички аспект, ќе се објасни зошто ВИ системите грешат, кои се најчестите извори на неуспех и кои механизми постојат за нивно намалување. Од правен аспект, ќе се отвори прашањето за одговорноста, правната сигурност, заштитата на правата и обврските на организациите што развиваат или користат ВИ.
Целта е да се изгради заедничко разбирање меѓу техничката и правната заедница за тоа како ВИ да се користи одговорно, безбедно и под човечки надзор.
На учесниците на вебинарот ќе им биде издаден сертификат за учество од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Ве очекуваме!