Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Европа Институт Универзитетот на Саарланд (Europa Institut, Saarland University), Германија спроведуваат специјализирана програма за професионален развој во областа на алтернативното решавање спорови (ADR), дизајниранa во рамките на проектот „Promoting Mechanism for Alternative Dispute Resolution and Mediation in North Macedonia: Invest in ADR“, спроведен од двата универзитета со финансиска поддршка на германското Министерство за образование и наука .
Цел на програмата – Цел на програмата е овозможување на продлабочување на знаењата и унапредување на вештините во областа на трговската и инвестициската арбитража и другите механизми за алтернативно решавање на споровите.
Целна група – Програмата е наменета за адвокати, корпоративни правници и останати практичари, медијатори, арбитри, владини претставници вклучени во инвестиции и арбитража, и други професионалци кои имаат професионален интерес за алтернативното решавање спорови. Право на учество имаат и студенти на втор циклус правни студии.
Содржина – Содржината на програмата е поделена на 11 наставни тематски целини (вкупно 60 наставни часа) кои ги покриваат клучните аспекти на механизмите за алтернативно решавање на споровите и вклучува воведно и длабинско запознавање со:
- Преговорите и медијацијата како механизми за решавање на спорови
- Трговската арбитража
- Арбитражни спогодби
- Улогата на арбитражните трибунали
- Текот на арбитражната постапка
- Инвестициската арбитража
- Меѓународните договори за заштита на инвестициите и одредбите за решавање на инвестициските спорови
- Опфатот на заштита на инвеститорите во инвестициска арбитража
- Заштитата и третманот на инвестициите
- Признавање и извршувањето на арбитражни одлуки
Програмата ќе се изведува на македонски јазик и на англиски јазик.
Предавачи – Програмата ќе ја спроведат домашни и меѓународни експерти и практичари од областа на алтернативното решавање на споровите.
Сертификат – По полагање завршен испит, учесниците ќе добијат сертификат за учество Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзиетот „Св. Кирил и Методиј“ и Европа Инстиут, Универзиет Саарланд, Германија,
Време – Наставната програма ќе се спроведува во периодот од февруари – април 2025 во попладневни часови во работни денови и во сабота.
Локација – Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Online преку платформата МS Teams
Услови за учество – Учесниците на специјализираната образовна програма треба да имаат:
- Завршен прв циклус на студии (180 ЕКТС) односно четиригодишни додипломски студии, што се докажува со уверение и диплома
- Напредно познавање на англиски јазик.
Надомест – За учество на програмата, учеснисите плаќаат надоместок од 600 евра (редовна цена). Студенти и млади професионалци кои сè уште не го положиле правосудниот испит плаќаат 300 евра (повластена цена). Надоместокот се плаќа при уписот на програмата.
Пријавување – Пријавата се поднесува со пополнување на формуларот достапен на овој линк.
Рокови – Краен рок за поднесување апликации е 20 јануари 2025 година. Избраните кандидати ќе бидат контактирани до 27 јануари 2025 година.
Контакт – Раководител на програмата е проф. д-р Горан Коевски, а Вашите прашања можете да ги испратите на InvestInADRproject@pf.ukim.edu.mk
Преземете го повикот ТУКА.