Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на најголемиот натпревар во светот од областа на меѓународното арбитражно право – Willlem C. Vis International Commercial Arbitration Moot, во конкуренција на 357 тимови обезбеди пласман во финалната рунда од 64 најдобри во светот. На најголемата арбитражна олимпијада, како што натпреварот го нарекува BBC, нашиот факултет се рангираше во рангот на најдобрите факултети во светот за меѓународно арбитражно право. Тимот, под менторство на проф. д-р Тони Дескоски го сочинуваа студентите: Ениса Рами, Влатко Токарев, Петар Митрески, Ана Миовска, Кристијан Милошевиќ како и Ивана Ужевска која учествуваше во составувањето на писмените поднесоци. Во подготовките на студентите учествуваа и доц. д-р Вангел Доковски, д-р Ана Пепељугоска и асс. м-р Љубен Коцев. Натреварот веќе 25 години се одржува во Виена, Австрија, а нашиот факултет од своето прво учество во 2009 година, четири пати успеава да се вброи високо меѓу најдобрите факултети во светот.