Право на интелектуална сопственост – Теми за Н.И. работа и термин за консултации

Во ПРИЛОГсе темите за научно-истражувачки работи за студентите од мастер студиите на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право кои ја оптирале предметната програма право на интелектуална сопственост, како изборна во рамките на VIII-миот семестар. Доколку некои студенти не се наоѓаат на списокот во прилог, се молат да се пријават кај проф. д-р Ненад Гавриловиќ со испраќање на име и презиме и бр. на индекс на neno.gavrilovic@gmail.com. Рокот за предавање на изработените теми за научно-истражувачки работи е денот на полагање на завршниот испит. Испитната литература е наведена во силабусот за предметната програма даден во ПРИЛОГ. Во поглед на начинот на полагање, консултации ќе се држат на 18.03.2019 година, од 11:00 часот, во кабинетот на проф. д-р Ненад Гавриловиќ.