На 25 април 2024 година со почеток во 9:30 часот ќе се одржи тркалезната маса со наслов “Предизвици во развојот на конкурентското право во Северна Македонија и неговата усогласеност со правото на ЕУ”, која ќе се одржи како една од неколкуте регионални тркалезни маси во рамките на проектот JEAN MONNET CENTER OF EXCELLENCE South and East European Competition Law Centre of Excellence чиј носител е Правниот факултет при Универзитетот во Осиек, Хрватска, а чин домаќин е Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје. На тркалезната маса ќе бидат вкучени како панелисти професори од правните факултети во Осиек и Риека, Хрватска, Сараево, Босна и Херцеговина, и Тирана, Албанија. Исто така дел од настанот се и претставници на Комисија за заштита на конкуренцијата, Управниот суд, како и практичари адвокати, и претставници на бизнисот.
Деталната агенда е достапна во прилог.
Настанот е од отворен карактер. Поради бројот на учесници, ве молиме вашето учество да го пријавите на следната електронска пошта d.spasevski@pf.ukim.edu.mk, најдоцна до 23.4.2024 година до крајот на работниот ден.