Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во есенски испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на следниот датум:
22.09.2025 (понеделник)
Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во есенски испитен рок:
1. ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот на 22.09.2025(понеделник), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
2. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 22.09.2025(понеделник), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатниц ата за дополнителниот термин за полагање во летен испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии .
Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.
Со почит,
Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје