ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК И ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2021-2022

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во есенскиот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

09.08.2022 до 12.08.2022 година,

Начин и постапка на пријавување во есенски испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  • Студентите пријавуваат во iKnow системот од 09.08.2022(вторник) до 12.8.2022(петок), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања од 09.08.2022(вторник) до 12.08.2022(петок), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

Распоредот можете да го преземете на  следниот ЛИНК.

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во есенскиот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на денот

14.09.2022 ( среда ) година

Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во есенски испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 14.09.2022(среда), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во есенскиот испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии.

Распоредот можете да го преземете на  следниот ЛИНК.