ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ЈУНСКА СЕСИЈА ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2020-2021

Почитувани,

Пријавување испити на прв и втор циклус  студии за дополнителната јунска испитна сесија ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

23.6.2021 до 25.6.2021 година.

Чекори за комплетно пријавување:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ

    Студентите пријавуваат во iKnow системот, следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  2. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

    По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања, така што серискиот број од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на пријавата, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата за дополнителната јунска сесија.

Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.

Со почит,

Правен факултет ,,Јустинијан Први‘’ во Скопје