ПРОЕКТ 2025-2026: „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“
Настани и активности
Во рамки на научноистражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука, проектниот тим реализираше повеќе научни, стручни и промотивни активности насочени кон подигнување на јавната, академската и стручната свест за правните и етичките аспекти на вештачката интелигенција
20 мај 2026 година – Конференција и работилница посветени на вештачката интелигенција и правото
На 20 мај 2026 година, во библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, успешно се одржаа конференцијата „Вештачката интелигенција и правото: интердисциплинарни перспективи“ и работилницата „Од регулатива до пракса – како да се подготвиме за новите правила за ВИ“, организирани во рамки на научноистражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.
На настанот свои излагања и учество имаа проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Лазар Јовевски, проф. д-р Александар Ристовски, проф. д-р Христина Рунчева – Тасев и проф. д-р Александар Спасов, кои преку различни интердисциплинарни перспективи отворија значајни прашања поврзани со правната регулација, етиката, практичната примена и идниот развој на системите со вештачка интелигенција.
Настанот обедини професори, правници, претставници од институции, ИТ експерти, студенти и практичари, кои преку интердисциплинарен пристап дискутираа за актуелните предизвици што ги носи развојот на вештачката интелигенција, како и за потребата од современа и ефикасна правна регулатива усогласена со европските стандарди.
Преку повеќе излагања, панел-дискусии и практични осврти, беа отворени важни прашања поврзани со примената на AI системите, заштитата на човековите права, одговорноста, етичките аспекти и идните законодавни решенија. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на EU AI Act и неговото влијание врз националниот правен систем.
Конференцијата и работилницата поминаа во одлична атмосфера, со голем интерес, конструктивни дискусии и активно учество на присутните, потврдувајќи ја важноста од вакви настани кои ја поврзуваат правната наука, технологијата и практиката.
Благодарност до сите учесници, говорници и присутни за придонесот кон успешната реализација на настанот.
Програма
Слики
14–15 мај 2026 година – Учество на FUTURE LAW’26 во Талин, Естонија
Во периодот 14–15 мај 2026 година, претставници од тимот на научноистражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“ – проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Христина Рунчева-Тасев и асс. м-р Катерина Жатева – учествуваа на меѓународната конференција FUTURE LAW’26 во Талин, Естонија.
Проектот се реализира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а е финансиран од Министерството за образование и наука.
Настанот се одржа во Талин – еден од најдигитализираните градови во Европа, препознатлив по своето е-управување, напредната дигитална инфраструктура и иновативниот пристап кон технологијата.
FUTURE LAW’26 претставува еден од најзначајните европски настани посветени на иднината на правото, вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и современите регулаторни предизвици. Во рамки на настанот беа организирани бројни панел-дискусии и предавања посветени на AI регулацијата, дигиталната трансформација, улогата на институциите и влијанието на новите технологии врз правниот систем.
Учеството на проектниот тим овозможи размена на искуства и идеи со еминентни професори, правници и експерти од повеќе европски држави, како и воспоставување нови академски и професионални контакти.
Слики
2026 – Вебинар „Намалување и спречување на грешки кај системите со вештачка интелигенција (AI Failures Mitigation) – технички и правни аспекти“
Во рамки на проектот беше организиран вебинар посветен на техничките и правните аспекти на грешките кај AI-системите.
Предавачи:
проф. д-р Димитар Трајанов
адвокат Јован Најденовски
Темите опфатија:
ризици од AI-системи,
механизми за намалување и спречување грешки,
потребата од соодветна институционална и правна рамка.
Во рамки на вебинарот беа отворени прашања поврзани со сигурноста, доверливоста и одговорноста при употребата на системите со вештачка интелигенција, како и значењето на соодветната регулатива и институционален надзор во процесот на нивна имплементација.
Вебинарот имаше посетеност од над 100 учесници и придонесе за подигнување на јавната и стручната свест за прашањата поврзани со вештачката интелигенција, како и за поттикнување поширока дискусија за техничките и правните предизвици што ги носи развојот на AI технологиите.
Видео
22 март 2026 – Гостување во поткаст со Studentski Puls UKIM
Во рамки на активностите за промоција и дисеминација на проектот беше реализирано гостување во поткаст организиран во соработка со Studentski Puls UKIM.
Во поткастот беа презентирани:
целите и активностите на проектот,
значењето на европската регулатива за вештачка интелигенција,
потребата од усогласување на македонскиот правен систем со европските стандарди,
правните и етичките предизвици поврзани со AI.
Преку разговорот беа отворени актуелни прашања поврзани со развојот на вештачката интелигенција, улогата на институциите, потребата од современа регулатива и влијанието на AI технологиите врз правото и општеството.
Настанот придонесе за поголема видливост на проектот и поттикнување јавна дискусија за правната регулација на вештачката интелигенција, како и за доближување на проектните активности до студентската, академската и пошироката јавност.
10–12 декември 2025 – Учество на меѓународна научна конференција LIMEN 2025
Претставници од проектниот тим учествуваа на 11-тата Меѓународна научна конференција LIMEN 2025 Цирих, Швајцарија, со презентација на два научни труда:
„AI and Constitutional Law: Safeguarding Human Rights in an Algorithmic Society – Feedback Loops, Bias, and Emerging Human Rights Standards“
„Algorithmic Sovereignty: How Small States Can Preserve Autonomy in an AI-Driven World“
Трудовите се фокусираа на уставноправните аспекти на вештачката интелигенција, заштитата на човековите права, алгоритамската пристрасност и предизвиците со кои се соочуваат малите држави во услови на забрзана дигитална трансформација и сè поширока примена на AI технологии.
Учеството на конференцијата овозможи меѓународна промоција на проектот, размена на искуства и идеи со научници и експерти од различни држави, како и продлабочување на научноистражувачката работа во областа на правната регулација на вештачката интелигенција.
Агенда
Слики
6 ноември 2025 – Учество на меѓународна научна конференција ITEMA 2025
Во рамки на 9-тата Меѓународна научна конференција ITEMA 2025 Милано, Италија (online) беше презентиран научниот труд: „Aligning Domestic Private Law with the EU AI Act“.
Трудот ги анализира импликациите на EU AI Act врз домашното приватно право, со посебен осврт на прашањата поврзани со одговорноста за штета предизвикана од AI-системи, распределбата на ризиците меѓу производители, оператори и корисници, како и можните модели за имплементација на европските стандарди во националното законодавство.
Учеството на конференцијата придонесе за меѓународна промоција на проектните активности, размена на искуства со истражувачи и експерти од повеќе држави, како и за продлабочување на научноистражувачката работа во областа на правната регулација на вештачката интелигенција.
Агенда
18 ноември 2025 – Промотивен настан и работилница
„Вештачката интелигенција и правото – предизвици, дилеми, можности“
Во рамки на научноистражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“ беше организиран промотивен настан и стручна работилница посветена на правните, етичките и регулаторните аспекти на вештачката интелигенција.
Настанот опфати презентација на проектот, тематски предавања и практични сесии со учество на професори, истражувачи, претставници од институции и стручната јавност. Во рамки на работилницата беа отворени прашања поврзани со европската регулатива за вештачка интелигенција (EU AI Act), заштитата на човековите права, алгоритамската пристрасност, транспарентноста и улогата на институциите во процесот на дигитална трансформација.
Подготовка и објава на публикација
Во рамки на проектот беше подготвена и публикација во која се систематизирани и сумирани клучните теми, дилеми и заклучоци произлезени од работилницата:
„Вештачката интелигенција и правото – предизвици, дилеми, можности“
Публикацијата претставува дополнителен материјал за дисеминација на проектните резултати и поттикнување академска и стручна дебата за правните и етичките аспекти на вештачката интелигенција.